Уште нешто за папата Франциск

Папата Франциск (78) е еден од најскромните папи – живее едноставно, без помпезности, без его а со многу емпатија, со што на човештвото му праќа порака за убавината на животот и за патот што треба да се следи.
Ова се интересни податоци за поглаварот на Ватикан.

-Бидејќи е роден во Аргентина, и често во неговите говори спомнува дека корените не треба да се заборават, папата ја обожува својата земја, особено аргентинското танго.
-Поглаварот на Ватикан на верниците им се приближива користејќи ја новата технологија. На Твитер секојдневно праќа пораки на мир и љубов и совети како да се биде подобар човек.
-Сите свои подароци, папата ги дава во добротворни цели.
-Многу ги сака животните, особено кучињата. Интернетот е преполн со фотографии на кои папата ја покажува својата љубов кон нив.
– Покажува разбирање и за атеисти: „Не мора да верувате во Господ за да одите во рај. Божјата милост нема граници особено ако приоѓате со искреност и покајание.“
– Праќа порака за свесноста, поврзана со климатските промени: „Треба да се бориме против климатските промени. Животните избори на секој човек имаат последици врз животот на другите.“
– Уште една изјава на папата која е многу цитирана: „Секс е дар од Господ, а не табу и има две цели – покажување на љубов и создавање на живот.“

Фото- Biografías y Vidas, 2004-2019

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени