Фалафел
Потребно е– 400 гр наут, магдонос, зелена и црвена пиперка, 2 главици кромид, 5 чешниња лук, 2 лажички ким во зрно, лажичка ѓумбир, 3 лажици брашно, прашок за печиво, сол и мешан зачин.
Наутот кисне преку вечер (околу 10 часа), се процедува и со нова вода се вари 20 минути. Потоа се процедува, се толчи или се става во блендер.
Се додава ситно сечкан кромид, лук, пиперки, ким, ѓумбир, брашно, печиво, сол, мешан зачин, бибер, оригано… Од смесата се прават ќофтиња или плескавици кои потоа се пржат.
фото- From my bowl