12.8 C
Skopje
недела, април 27, 2025
spot_img

ФЕНГ ШУИ: Tајни кои носат љубов во животот

Фенг шуи е древна кинеска вештина која верува дека поедини аспекти од животот можете да ги унапредите или уназадите, зависно од распоредот на работите во просторот. Ако сакате да ја зајакнете врската, или да запознаете некоја нова личност во својот живот, направете ги следниве промени во вашиот животен простор.

Мебелот врз тепих

„Никогаш не го ставајте целиот мебел до ѕидовите“, предупредува фенг шуи консултантот Карен Рауч и додава: „Комбинацијата на мебел треба да поттикне комуникација. Ставете ги барем предните нозе на мебелот врз тепихот, па луѓето убаво ќе седат и ќе разговараат“.

Опкружете се со дупли работи
„Ако сакате да започнете врска, немојте да се опкружувате со осамени предмети“, велат фенг шуи стручњаците. „Одбегнувајте поставување на една столица, една слика и останати ситници. Важно е да креирате енергија на партнерство околу вас, па ставете столици во пар, ноќни орманчиња и друг мебел во својата соба или целиот стан“.

Закачете фотографии на ѕидовите
За да ја зајакнете својата врска или брак, на ѕидовите во ходникот и други места поставете во рамки слики од семејството или заеднички фотографии со најдобрите другарки. На ноќните орманчиња држете само фотографии во пар.
Организирајте ја трпезаријата
Ако сакате во својот дом да привлечете повеќе љубов, посветете се на втората најважна просторија покрај спалната, а тоа е трпезаријата. Доколку живеете сами, ќе ви биде лесно, но ако живеете со родителите или партнерот, договорете се околу организацијата. Најдобро е да купите тркалезна маса, а сите столици да ги наредите тркалезно. Симболично, тркалото претставува заедништво.

Ослободете се од негативните елементи
Спалната соба би требало да биде пријатна. Затворите ги сите врати поврзани со спалната соба, како што е вратата од ходникот или купатилото. Ако во собата имате дел за седење- столици, поставете ги една спроти друга. Кога просторот станува се поголем и поголем, луѓето имаат обичај емотивно да се оддалечуваат еден од друг.

Оставете простор
Самците го уредуваат животниот простор мислејќи само на своите потреби. Ова посебно се однесува на орманите. „Почитувајте го просторот и оставете дел кој би го исполнила некоја нова личност“, вели Рауч Картер.

Додадете нешто розово
Во фенг шуи розовата боја е бојата на врските и затоа е најдобро да ја искористите при уредување на спалната соба. Розовата боја симболизира љубов, среќа, задоволство и романтика.

фото/pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена