Победничката песна од поп- вечерта на „Охрид фест 2018“, „Без тебе“ што ја пееше Филип Јордановски доби видео- запис, со што композицијата „во пакет“ им се предава на гледачите.
Видеото го изработи Александар Ристовски – Принц, а спотот се снимаше на неколку локации во Скопје и во Куманово. Во приказната главниот лик, Филип се појавува во придружба на својот бенд #filipjordanovskiliveband, и една прекрасната Тања Кочевска.
Да потсетиме, авторите на песната се Владимир Дојчиновски (музика и аранжман) и Ристо Самарџиев (текст), но најинтересно е што и покрај тоа што е ова 17. песна во репертоарот на Јордановски, само 6 добија видео запис.
Коментарите се затворени