9.8 C
Skopje
среда, ноември 12, 2025
spot_img

Фолк вечер на „Охрид фест“- победници Милован Секуловски и Лија

Заврши фолк вечерта од Интернационалната вечер на фестивалот „Охрид фест“ . Победник од публиката е Милован Секуловски со песната „Спомен љубовен“, а од жирито Лија со „Откако те нема“. Второто место од публиката и припадна на Благица Павловска за „Авионот ни полетува“, додека од жирито на им припадна на „Соната“ за песната  „Бегај солзо“. Третата награда од жирито замина во рацете на Кате и „Нели ти реков“ за „На љубовта и треба“, додека од публиката на Мерима Његомир за „Подај само рака“.

Благица Павловска и Добрила Чабиќ со обожавател

Оваа вечер беа доделени и авторските награди.  Наградата за аранжман им припадна на „Скопски боеми“  за песната „Музичарска“, наградата за текст  ја доби Зоран Марковски за песната „Коцкар“, за најдобар дебитант е прогласен  Методија Толевски, за најдобра  интерпретација прогласени се  „Молика оне“, за сценски настап наградата ја добија Раде и Руса, додека за најслушана песна меѓу двата фестивала прогласена е „Марика“, што минатата година ја исполни Нино Величковски.

Победникот Милован Секуловски со љубителот на македонскиот фолк, Васко Ангеловски од Мелбурн, Австралија

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена