0.8 C
Skopje
недела, февруари 9, 2025
spot_img

ФОЛК ПЕЈАЧКАТА ЛИДИЈА ПАСКОВА СТАНА МАЈКА: Ова ми е благослов од Бога

Лидија Паскова, фолк пејачка на „Ориентал бенд“ стана мајка. Таа минатата недела роди синче и радосната вест веднаш ја сподели на Фејсбук.
-Нашата долго очекувна радост конечно пристигна. Станавме родители на едно прекрасно момче. Ти багодарам Господе за преубвиот благослов. Од душа и срце посакувам во секој дом ваква радост и срека, која со збор не се опишува, напиша Лидија.
Сега е време Лидија малку да паузира од песната и да се посвети на мајчинството. Сите обврски околу проектите на бендот ги заврши додека беше бремена. Лидија и во шестиот месец од бременоста заедно со членовите на „Ориентал бенд“ работеше на музиката. Промовираа проект кој содржи преработки на македонски евергрини и неколку познати странски хитови.
-Ке се посветам на најубавата улога за жената, мајчинството. Но, тоа не значи дека ке заборавам на музиката. Малку да потпорасне синчето, малку јас да уживам во грижата за него и ќе се вратам на сцена. Сите мајки велат дека грижата за детето е слатка мака. Епа јас сега сакам да се насладам, вели таа.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена