Фотогалерија. Идеи за најубаво велигденско јајце
Велигден ја има зачувано традицијата на вапсување јајца, а мајсторијата во фарбањето најчесто се пренесува семејно, од генерација на генерација. Црвени, жолти, зелени, шарени,со монистра, рачно ишарани, разубавени со декупаж техниката.., јајцата навистина го разубавуваат домот во празничните денови.
Годинава, поради деликатноста со пандемијата, секој од нас има време, што значи и можност да го направи јајцето што прилега на неговиот вкус.
Тоа „посебно“ јајце ќе сведочи за победата на животот и затоа, не штедете се.
Како да ги украсите јајцата?
* омилената техника е пред варењето и пред ставањето во боја, јајцата да се завиткаат со некое ливче или со тревка во најлон-чорапи, да се врзат цврсто.
* јајцата може да се ишараат со жива жолчка. Употребете тенка четкичка или стапче и јајцата веднаш спуштете ги во водата за да не се расипат деталите. Можете да нацртате нешто интересно или да напишете порака на која ќе има и име
* јајцата можете да ги ишарате и ако им ставите неколку ластичиња за тегли. Потоа обојте ги со стандардна техника, а таму каде што биле гумичките ќе остане природната боја на јајцето
* за декорирање може да послужи и лепило (правете шари со лепило), а кога ќе се сварат јајцата, само излупете го лепилото
* може да боите со маслени или со темперни бои
* искористете бисери, монистра… Со лепило и фантазија сами креирајте најразлични шари, што можете да ги искомбинирате со лепенки.
Во продолжение имате фотографии од исфрабани и стокмени јајца што сигурно ќе ве инспирираат да го направите најубавото јајце.
Коментарите се затворени