Француски еклери во Скопје

Убава и слатка атмосфера денеска во кафулето Coffee Factory: сосема логично, велат гурманите- се промовираа француски еклери, направени според вистинската рецептура.
Патем, оригиналниот француски еклер потекнува од XIX век а историјата вели дека првиот еклер го има направено познатиот француски шеф Antonin Carême. Денес овие слатки волшепства претставуваат префинет деликатес во светот.
И, бидејќи Скопје претендира да фати приклучок со светот, кафулето Coffee Factory го прошири своето мени со неколку видови оригинални француски еклери.
Тимот на Coffee factory е обучен за повеќе од 20 вкусови еклери од професионален готвач од странство, кој две недели предходно престојуваше во Скопје на покана на локалот.
„Исклучително е важно да се имаат точните состојки, професионална опрема, вештина и секако многу трпение и љубов за да може да се направат вакви еклери. Секој вкус на еклер е приказна за себе, бидејќи се употребуваат посебни состојки за нивно полнење и декорација. Но, за почеток одлучивме да започнеме со 6 вкусови (ванила, чоколадо, сникерс, кафе, кокос и јагода) и понатаму да го прошируваме нашето мени. Она што овие француски еклери Chouette (Шует) ги прави оригинални е тоа што нема компромис за ниедна состојка во нив. Се користи свежо овошје, најдобро француско овошно пире, природни ванила стапчиња, белгиско чоколадо, италијанско маскарпоне, био кокос и кокосово млеко, врвни брашна, свежи јајца и многу љубов при приготвувањето. Секоја состојка е најдобрата во својата категорија, па така и дел од нив се увезуваат од странство, бидејќи кај нас ги нема“ велат од Coffee Factory.
Квалитетот на еклерите е единствениот приоритет, и затоа се користат исклучиво свежи состојки без користење на вештачки бои, ароми и засилувачи на вкусот. Поради тоа рокот е кус, и најдобро е да се конзумираат во првите 48 часови.


Меѓу поканетите гости од јавната сцена и медиумите на промоцијата присуствуваше и францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимоние.
Во одлично расположение и воодушевен од големиот избор на француски еклери, кои од денеска ќе бидат на менито на ова кафуле, тој изјави:
„Прекрасно е што во Скопје конечно може да се најде ваков голем избор на француски еклери. Изгледаат дотолку привлечно што незнам што би избрал да вкусам првин. Но знам дека ќе се вратам уште неколку пати додека не ги пробам сите видови на француски еклери“

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени