34.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

Хакерите на Парис Хилтон на суд, краделе пари и голи фотографии

Манекенката Парис Хилтон (37) е жртва на „хакери” кои ги украле нејзините пари како и голи фотографии, објави TMZ.  Ова е направено од страна на Paysar  Bkhchadzhyan која  „активно” крадела од 2015 до 2017 година. Парис не е единствената, туку настрадале уште неколку луѓе.

Paytsar ја хакирала банкарската  сметка на Парис  и ги користела нејзините кредитни картички. За дочек на Новата 2015 година, резервирала соба во хотелот „ Холивуд Рузвелт“ за да направи забава и таа ноќ потрошила 40.000 долари од картичка на Парис.

Откако го хакирала и нејзиниот меил,  лажно се претставила како Парис и испратила порака до асистентката да плати 80.000 долари  на еден од сметките на Paytsar.

Хакерката украла и  голи фотографии од нејзината iCloud  сметка, но не е познато што направила со нив.  Ги хакирала и сметките на нејзиниот татко, Рик Хилтон (63), сестра и Ники (34) и на менаџерот, за да ги дознае останатите сметки на  Парис.

Минатата година таа е фатена и обвинета за банкарска измама. Судењето ќе биде во понеделник, а сојузните обвинители препорачуваат 57 месеци затвор, по што следи тригодишна условна казна. Покрај тоа, хакерката мора да им исплати надоместок на жртвите во износ од 318.535 долари. Таа призна дека е зависник од дрога уште од тинејџерските денови, во врска е со ерменски „гангстер”  и има  син.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена