Исхраната која е добра за цревата е балансирана, а во прв ред ја сочинуваат намирници богати со влакна, кои ги чистат штетните наслаги и ја подобруваат работата на цревата.
ЗЕЛЕН ЧАЈ
Ако сакате да го исчистите организмот и да изгубите килограми, зелениот чај е одличен избор. Тој содржи доста антиоксиданси, ја подобрува работата и ги чисти цревата.
ЛИМОН
Цитрусот како што е лимонот е одличен за здравјето на цревата бидејќи ефикасно ги чисти штетните наслаги. Нека чашата со млака вода со малку лимон биде вашиот прв утрински пијалок.
АВОКАДО
Ова овошје е богато со омега 3 масни киселини и масла кои ги обложуваат ѕидовите на цревата и го спречуваат таложењето на штетни материи.
ФЕРМЕНТИРАН КЕФИР, КИСЕЛА ЗЕЛКА
Во системот за варење се наоѓаат многу бактерии кои позитивно влијаат на пробавата, ги неутрализираат токсините и ја поттикнуваат апсорпцијата на хранливи материи. Доколку дојде до нарушување на рамнотежата во цревната флора, нашиот организам може да биде загрозен. Ферментираната храна изобилува со здрави бактерии и помага во одржување на рамнотежата во цревната флора. Затоа почесто дегустирајте кисела зелка, краставички, кефир…
ЗЕЛЕН ЛИСЕСТ ЗЕЛЕНЧУК
Ако овој зеленчук е често на вашата трпеза ќе добиете големи количини на корисни материи. Богат е со хлорофил кој позитивно влијае на варењето и чистењето на цревата. На вашата трпеза треба да се најде спанаќ, блитва, зелена салата…
РОД- ЗЕЛКИ
Овој вид на зеленчук содржи во просечна порција 25-40 проценти од дневните потреби на влакна, а само 100 калории. Исхраната богата со карфиол, келераба, зелка и брокула на вашите црева ќе им овозможи изобилство на благотворни состојки.
ЛУК
Овој здрав додаток во јадењата не само што им дава на специјалитетите прекрасна арома, туку е многу здрав за чистење на цревата. Лукот има антивоспалителни, антибактериски и антипаразитски својства кои помагаат во чистење на организмот од токсини. Го подобрува варењето, ја поттикнува апсорпцијата на здрави материи од храната и елиминација на отровите.
АЛОЕ ВЕРА
Сокот од алое вера се користи во лекување на многу здравствени проблеми, вклучувајќи ги и потешкотиите со варењето. Оваа лековита намирница има антивоспалителни својства и така делува превентивно на многу заболувања, па и вашите црева ќе бидат заштитени од штетни влијанија.
ЈАБОЛКИ И ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ
Повеќето третмани за чистење на цревата подразбираат конзумирање на свежи јаболка, сос од јаболки или јаболков оцет. Освен што се богати со влакна, јаболките содржат и пектин кој исклучително благотворно делува врз работата на цревата. Тој се наоѓа и во кората на цитрусите и бананите и помага во елиминирање на тешки метали и други отрови од организмот.
ЛЕНЕНО И ЧИА СЕМЕ
Содржат масти и влакна кои позитивно влијаат на варењето и ги чистат цревата. И двете семиња се богати со омега 3 масни киселини кои ги намалуваат воспалувањата.
ЦЕЛИ ЗРНА НА ЖИТАРКИ
Храната од цели зрна на житарки е богата со влакна, содржи малку калории и холестерол. Овие житарки помагаат во варењето и го поттикнуваат чистењето на цревата.
ЛЕГУМИНОЗИ
Овие намирници имаат антивоспалителни својства и се наоѓаат во врвот на листата на храна со висока содржина на влакна. Покрај тоа, легуминозите содржат и Б витамини, калциум, магнезиум, железо, цинк, калиум и протеини. Оваа храна го поттикнува развојот на добри, а го спречува размножувањето на лоши бактерии.
фото/ pexsels