Храна што разладува

ОДБЕГНУВАЈТЕ
Премногу мирудии
Зачинетата храна е повкусна, но за време на големите жештини тие не се препорачуваат – го загреваат телото, го забрзуваат метаболизмот, што предизвикува повторно да почувствувате глад.
Месо
Воздржете се од скара, бидејќи претерано консумирање предизвикува потење и проблеми со варењето.

Брза храна
Најбрз начин за труење.
Сосови
Познато е дека сосовите се многу калорични, па добро е да ги правите дома, така сте сосема сигурни што содржат.

ГЛАВНИ ПРЕПОРАКИ ЗА ЛЕТНА ИСХРАНА
1. Обидете се дневно да имате 6 помали оброци.
2. Секој ден јадете барем по 2 овошни и салати од зеленчук.


3. Одбегнувајте бело брашно (во сите облици) и префрлете се на интегрални житарки.
4. Намалете ги месото и заситените масти, јадете риба.


5. Одбегнувајте слатки производи – торти, колачи и сл.
6. Пијте вода пред да почувствувате жед и одбегнувајте газирана.

СОВЕТИ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ
– Елагинската киселина е антиоксиданс што го има во капини, малини, боровинки и е совршен чувар од УВ-зрачење.


– Пченката е сиромашна со калории и маснотии, а има многу влакна што го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.
– Црешите ги намалуваат хроничните воспаленија и артритисот.

– Лубеницата содржи многу антиоксиданси, вклучувајќи и ликопен, кој заштитува од рак на простата и го намалува крвниот притисок.

– Антиоксидансите во зелениот чај се поврзуваат со намалување на срцевите заболувања.
– Кељ е еден од најздравите видови зеленчук, заштитува од рак, има калциум, магнезиум, бројни витамини, а најмногу А и Ц.

ЖЕД
Главоболка, умор, намалена концентрација, забавени реакции, раздразливост…Доколку ги имате овие симптоми, бидете сигурни дека ви недостасува вода, а топлото време, поради потењето, бара повеќе течности, два до три литри дневно.
Освен со вода, ќе се разладите и со сок од домати и моркови и ќе ги надоместите загубените минерали, а лесната исхрана ќе ви овозможи енергија и сила. Пиперки, домати, краставици, компир, кромид, тиквички, краставици, риби, пилешко, кисело млеко…, сето тоа треба да го содржи вашето дневно мени, а кога ќе имате криза за нешто благо – направете овошен јогурт. Во продолжение ви даваме интересни предлози и рецепти.


Лимонада со мента
Во најголемата пивска чаша ставете сок од лимон, кршен мраз, ливчиња нане и наполнете ја со вода до врв. По желба зашеќерете со кафеав шеќер и додадете малку рум.
Домашен ладен чај
Ова е најдобра варијанта за оние што многу ожеднуваат во текот на денот. Се прави мешавина од домашен чај (планински, нане, мајчина душичка…), се додаваат неколку парчиња лимон, малку мед и чајот се остава во фрижидер. Освен што освежува, дава и чувство на ситост.
Шејк од краставици
Краставицата е полна со вода и по природа е ладна. Тоа е база во која се додаваат јогурт, киви, мирудии и многу мраз.


Смути од краставици
Потребно е – 2 краставици, зелена салата, сок од лимон, лук, половина авокадо, маслиново масло, сол и црн пипер, мирудии.
Исечканата краставица и зелената салата ставете ги во блендер, додадете лимонов сок, лук и 2 чаши ладна вода. Потоа капнете маслиново масло, авокадо и посолете. Сокот се пие ладен.
Клара
Сакате нешто интересно? Во сооднос „пола-пола“, помешајте пиво и спрајт и само малку разладете. „Клара“ се препорачува за долгите летни ноќи.
Медена вода
Секое утро помешајте вода и мед и оваа смеса пијте ја на празен желудник. Растворот е сличен на крвната плазма. Медената вода го нормализира варењето и го зголемува имунитетот.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена