10.8 C
Skopje
недела, јануари 25, 2026
spot_img

Хрватите презадоволни- Колинда поубава и помоќна од Меланија

Хрватската претседателка Колинда Грабар- Китаровиќ вчера на нејзниот Твитер профил ставила слика со претседателот на САД, Доналд Трам и неговата сопруга Меланија.  Кога Хрватите ја виделе сликата ги имале сите пофални зборови до претседателката, па дури и заклучиле дека таа изгледа помоќно и поубаво од Меланија. Порталот  net.hr дури и спровел анкета која од дамите изгледа подобро а резултатите се 75 проценти за Колинда.  Од вкупно 3. 717  гласови, дури 2.791 биле за тоа дека Колинда ја засенила првата дама на САД.

За оваа пригода и двете дами носеле  слични фустани на преклоп.  Колинда се појавила во креација на хрватската дизајнерка Снежана Мехун. Ова не е прв пат Меланија да носи креации од домашни брендови и дизајнери. Неодамна за интервју за руско списание  кога на Колинда за фотосесија и донеле гардероба од светски брендови, таа ги одбила и им рекла дека ќе се слика исклучиво за хрватски брендови, не само за да ги рекламира, туку и да докаже дека тие исто се светски.

Фото: Andrea Hanks / Official White House Photo

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена