8.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Цезар-салата

Потребно е: 300 г пилешко бело месо, мешавина од зелени салати, 2 чешниња лук, сол, црн пипер, масло, коцки од препечен леб. За прелив: 200 мл мајонез, лажичка сенф, 2 лажици сок од лимон, лажичка пармезан, црн пипер.

Посолете го пилешкото месо и испржете го во тавче, па исечете на ленти. На врело масло ставете цели лукчињата и лебот исечен на коцки. Пржете додека лебот не стане крцкав. Во посебен сад ставете мајонез, сенф, пармезан и сок од лимон, па зачинете со црн пипер и се` добро промешајте. Во чинија соединете ги пилешкото месо, препечените коцки од леб и исечканата зелена салата, па прелејте одозгора со приготвениот прелив од мајонез.
фото: pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена