Црвената е боја на љубовта но и на добриот апетит. Црвените намирници треба да се земаат умерено, бидејќи поттикнуват на апетит. Содржат многу витамини, особено А и Ц кои заедно им помагаат на клетките да се регенерираат и да допринесат за јакнење на организмот. Лубениците, јагодите, боровниците, пиперките и ротквиците им ја ‘должат’ својата боја на антоцијаните.
Овие супстанци имаат две важни функции: потикнуваат производство на меланин, кој ја штити кожата од сончевите зраци и се спротивставуваат на слободните радикали, спречувајќи го забрзаното стареење на клетките.
Домат
Содржи околу 93% вода што значи дека воопшто не дебели. Богат е со витамини А и Ц. Млечната и лимунската киселина го потпомогнуваат метаболизмот, и овој вкусен зеленчук содржи ликопен, силен антиоксиданс кој делува против слободните радикалии и го успорува стареењето
Пиперка
Го потикнува апетитот и не е тешко варлива како што се мисли. Инаку пиперките треба да се јадат често, особено црвените, кои содржат многу повеќе витамин Ц, за разлика од зеленате и жолтите.
Боровници
Содржат витамини А и Ц, добри се за видот, ги ублажуваат проблемите со циркулацијата, како што се проширените вени. Благодарение на антоцијаните, имаат и антибактериско делување. Корисни се и кога станува збор за запаление на мочниот канал.
Фото- Food and My iPhone