Чајот во овој период од годината се пие топол, збогатен со мед, сок од лимон или друг вид на агруми, но мора да се внимава бидејќи на многу вредни состојки кои се содржани во овие производи им штети високата температура, затоа додадете ги кога чајот ќе биде млак.
Еве како да подготвите чај од боровинки.
Исушените топчиња и ливчиња од боровинки се омилен народен лек. Благодарение на високиот процент на танин и останатите лековити состојки, чајот ја поттикнува работата на крвните садови но и ги намалува отоците во нозете.
Подготовка: за еден филџан чај во 2 дл. врела вода ставете една лажица исушени листови на боровинка. Тргнете го од рингла и поклопен оставете го да стои 10 минути. За да имате добри резултати, пијте 3 филџана дневно.
Фото-Pexels