16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Чај на плус 40 степени

Иако сме бомбардирани со реклами каде што царуваат ладни напивки како совршени разладувачи за летните горештини, станува збор само и единствено за вешт маркетиншки трик. А тој не би имал никаков ефект доколку не се комбинира со незнаење и заблуди оставени во аманет уште од времето на нашите баби и дедовци.
Имено, ладните неалкохолни и алкохолни пијалаци само го зголемуваат потењето, затоа што во моментот навистина го ладиме организмот, но правиме огромна разлика помеѓу надворешна и внатрешна температура на телото. Кога ќе испиеме чаша ладна вода, веднаш ја исфрлуваме преку потењето, затоа што доаѓа до кондензација. Неразладена вода на собна температура на организмот му дава потребна рехидратација.
Но, ова се тајните познати во некои делови на планетата – Русите во лето пијат единствено чај и одат во сауна, додека во зима јадат сладолед и се тушираат со ладна вода. Слично функционираат и жителите на скандинавските земји, така полесно се поднесува студот, односно така се приспособува температурата на телото со надворешните услови.
Исто така, заблуда е дека сладоледот не смее да се јаде во зима, туку е прифатен како летен десерт. Неговото консумирање е многу подобро во зима отколку на лето затоа што на тој начин се одбегнува температурен шок. Во северните земји сладоледот многу повеќе се јаде во зимските месеци, додека во лето се пијат топлите чаеви. Погрешно е мислењето дека сладоледот доведува до воспалувањето на грлото и крајниците. Сетете се: тој на децата им се дава веднаш по операција, и тоа е нешто како ладна облога.
Исто така една од заблудите е дека настинките се јавуваат само во зима поради студот. Се разбира дека се почести, но температурата нема никаква врска со разболувањето. Луѓето не проветруваат и многу повеќе седат во затворени простории што е идеално за размена на микроорганизми.
Кога ги пиеме ладните напивки во зима, помала е разликата во температурата и со тоа помал шок за дигестивен систем. Тие ги намалуваат крвните садови со што се спречуваат воспаленијата, а на многу микроорганизми не им годат ниските температури.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена