34.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

Четкар сними спот за „Come With Me“

Владимир Четкар сними спот за неговата нова песна насловена  „Come With Me“ (Дојди со мене). Видео записот е дело на Борче Димовски и е сниман на повеќе локации во Охрид а во него ќе можат да се видат некој од најволшебните места на Охридското езеро.

Песната е снимана во  Њујорк во студиото „The Bunker Studioи“ и е комплетно дело на Четкар, се појавува како продуцент, композитор, текстописец, аранжер, диригент, гитарист и вокал. Песната е снимана целосно со жива инструментација додека стилски содржи елементи на соул, џез, фанк, диско и поп. Интересно е тоа што песната, која е објавена само пред неколку дена веќе интензивно се врти во повеќе радија во Унгарија меѓу кој и на најпопуларното Унгарско радиo за џез и соул музика Jazzy 90.9 FM кои песната ја најавуват како голем хит. Наскоро песната ќе ја има својата радиска промоција и во Аргентина, Бразил, Англија, САД, Јапонија, Тајланд, Италија, Мексико и други земји кои досега активно ја подржувале авторската музика на Четкар.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена