Потребно е: 250 г грав, 100 г јачмен, 1 кромид, 100 г моркови, 100 г целер, маслиново масло, рузмарин, магдонос, сол, црн пипер.
Пропржете ги исечканиот кромид, морков и целер, па додадете рузмарин и грав, кој претходно сте го покиснале. Додадете вода и оставете гравот да се свари.
Кога ќе биде готов, одвојте мала количина, а остатокот изблендирајте го.
Вратете го назад сварениот грав, додадете го варениот јачмен и оставете се` заедно да прокрчка. При послужување, посипете со магдонос и додадете малку маслиново масло.
Фото: Pexels