Потребно е: 250 г пилешко, 100 г моркови, 30 мл млеко, 50 мл масло, малку магдонос, 1 коцка за супа, 300 г карфиол, 2 жолчки, 60 г брашно, 30 г целер, сол и црн пипер.
Во маслото се пропржува исчистениот зеленчук, потоа се посипува со брашно, се пржи додека брашното добие боја. Се става путер и литарипол вода, се додава коцка за супа, сол и црн пипер и се вари. Пилешкото месо се сече на мали парчиња што се пропржуваат, а потоа се додаваат во супата што врие. За тоа време се вари карфиолот, се гмечи или пасира.
Сварената супа со зеленчук се пасира, се додава карфиолот и изматената жолчка со малку млеко. Потоа, на тивок оган се остава чорбата да проврие додека да згусне, при што постојано се меша. Ако чорбата е многу густа, се додава вода. Според друга варијанта, пилешкото месо не се додава во чорбата, туку пред служење се става одозгора, заедно со рендан кашкавал..