12.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Чувајте ја кожата од внатре, за да ви се исчисти од надвор

Траговите од непроспиената ноќ помината со алкохол се гледаат на лицето. Наутро стануваме бледи, со крвави очи а на црниот дроб уште долго време му треба да закрепне. Нашите навики и она што го внесуваме во организмот многу повеќе зборуваат за нас отколку што мислиме. Од силна искрана повидливи се брчките и црвенило по кожата а ако и најмалку сте нетолерантни на некоја храна  или алкохол, веднаш ќе се забележи на вашето лице.  Затоа познати лекари ги поделиле пациентите во четири групи, и тоа по типови на кожа- млечно лице, шеќерно лице, глутенско лице  и лице на вино. Правилото е дека со грижа на кожата од внатре, таа ќе се исчисти од надвор.

Глутенско лице

Ако ви се црвени образите и имате пигментација околу брадата веднаш исфрлете го глутенот на три недели, пијте повеќе вода и внесувајте влакна. Кожата на лицето ќе ви стане сјајна.

Млечно лице

Го карактеризираат отечени капаци, подочници и бели точки во вдлабнатината на брадата. Не јадете млечни производи три недели и ќе ги видите резултатите. Задолжително дополнително земете калциум.

Шеќерно лице

Збрчкано лице и сива боја на кожата. Премногу шеќер предизвикува мозолчиња на лицето, рамениците и на градите. Преполовете го внесувањето на шеќерот и постепено намалувајте го. Набрзо ќе видите позитивни ефекти на кожата.

Лице на вино

Линии или црвенило меѓу очите , црвени образи и нос. Алкохолот ја дехидрира кожата и ги зголемува линиите на лицето и брчките.  Црниот дроб се труди да го обработи алкохолот и затоа ќе имате длабоки линии и црвенило  меѓу веѓите. Не конзумирајте алкохол три недели а потоа земајте една чаша вино неделно и ќе ја видите разликата на кожата.

Извор:  24sata.info

 

 

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена