Шеф Игор Каспер ексклузивно од Лондон. Морков торта (Carrot Cakes)
Постојат неколку извори врзани за потеклото на „морков торта“. Објавен во 1591 година, постои англиски рецепт за „пудинг во коренот на морков“ кој во суштина е полнет морков, но со месо, ама вклучува многу елементи, заеднички за современиот десерт: крем, јајца, суво грозје…, засладувач (урми и шеќер), зачини (каранфилче и боздо), нарендан морков и презла (наместо брашно).
Многу историчари за храна веруваат дека колачот од морков потекнува од такви пудинзи од моркови што ги јаделе англичаните во средниот век, кога шеќерот и засладувачите биле скапи и многу луѓе користеле моркови како замена за шеќер.
Варијациите на пудинг од морков еволуирале за да вклучуваат печење со кора (како пита од тиква), на пареа со сос или обликувано во тави (како пудинг од слива) со глазура.
Во вториот том од книги за готвење L’art du cuisinier (1814), Антоан Бовилиер, поранешен готвач на Луј XVI , вклучил рецепт за „Gâteau de Carottes“, кој бил доволно популарен за да биде копиран дословно кај конкурентите. Во 1824 година, Бовилие објавил во Лондон англиска верзија на неговата готвачка која вклучува рецепт за „Торти од моркови“ во буквален превод на неговиот претходен рецепт.
Состојки
225 мл сончогледово масло, плус дополнително за подмачкување
225 г шеќер
4 средни јајца
225 г брашно
1 лажиче сода бикарбона
Едноипол лажиче измешани зачини, мелен цимет и мелен ѓумбир
150 г суво грозје
200 г моркови, крупно изрендани
50-75 г ореви, грубо сечкани
За глазура
175 г несолен путер, многу мек
1 лажиче екстракт од ванила
275 г полномасно крем сирење, да биде на собна температура
200 г шеќер во прав
Коментарите се затворени