Шеф Игор Каспер. Постапката за подготвување на Јоркширски пудинг
Покрај историјатот на познаиот Јоркшир пудинг за кој пишував минатата недела, на барањето на неколку колеги, еве ја постапката за неговото приготвување. Многу важно е да се знае дека во смесата не се става масло, а еве се состојките:
– 3 јајца
– 175гр брашно
– 300 мл млеко
– 150 вода
– 1/2 лажиче сол
Постапката е следна: се матат јајцата убаво и се додава млеко со вода, повторно се мати и се додава брашно. Смесата се остава да одмори околу 15 минути.
За тоа време се загрева рерната на 190 степени.
Во модла за 9 мафини се додава масло, околу една супена лажица во секое, и се става да се загрее. Кога маслото во секоја модла ќе почне да врие, се става од смесата. Модлата се полни до врв и се враќа назад во рерна околу 20 минути и во тој период не смее да се отвара.
Кога ќе бидат готови, треба да се крцкави.
Инаку, јоркшир пудинг може да се користи во секое јадење со месо или во комбинација со зеленчук.
Коментарите се затворени