6.8 C
Skopje
понеделник, март 24, 2025
spot_img

Шеф Маре Јаневска: Лисната кралска погача

Во традицијата на православните христијани, празникот Велигден се дочекува со посебна возбуда на која ѝ претходат подолги подготовки.

Во кујната на „кралицата за тесто“ Маре Јаневска, во деновите на овој празник над празниците се шират прекрасни мризби што значи радост, оптимизам и живот. Специјално за оваа прилика Маре ја препорачува лисната кралска погача.

Потребно е:
300 мл млако млеко
1 мала лажичка шеќер
1/2 мала лажичка сол
1 мала лажичка синап во прав
1/4 од коцка свеж квасец
3 јајца
200г путер

Брашно да се замеси во меко тесто, околу 500-600 грама.
Квасецот се активира со млекото, шеќерот и 1 лажица брашно. Потоа во него се додаваат јајцата, солта и брашното. Се замесува меко тесто и се остава на топло место да нарасне.
Кога ќе нарасне му се додава 50г растопен путер и се премесува. Се остава повторно да нарасне. Уште еднаш се премесува и се става во фрижидер да отстои преку ноќ.
Потоа ладното тесто се става на набрашнета површина и се расукува во форма на правоаголник. Се нанесуваат останатите 150г ладен путер и се преклопува како коверт. Четири до пет пати се расукува, а помеѓу расукувањата отстојува во фрижидер по 30 минути. Потоа се става на набрашнета површина, се вадат форми на кифлички и по желба се формира погача, која се остава 2 часа да нарасне. Направената погача се пече на 220С во претходно загреаната рерна.
И на крај, додека ја сервирате погачата, бидете свесни дека најважна е мислата со која го дочекуваме и испраќаме овој празник.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена