Шеф Снежана Ангеловска. Волшебна зимска бајка, што се јаде


Неколку торти споени со идеја и љубов, волшебна зимска бајка, во пресрет на празниците беше уште еден предизвик за Шеф Снежана Ангеловска. Оваа слатка композиција составена од најразлични ситуациии кои треба да го доловат празнувањето, со оние кои најмногу се радуваат на Нова година- децата, тука и таму понекој лик од сказните, долга три метра- траеше два дена.
Се правеа тортите, фигурите, се одбираа боите… Ама како што вели Жане, оваа авантура и донесе многу радост- кога креираш и создаваш, среќата се подразбира.
– Сите торти се различни, но преовладува чоколадо а идејата беше да се пренесе зимската и Новогодишната еуфорија во триметарска слатка приказна, наречена зимска бајка. Најмногу време и трпение ми одзеде делот околку последната торта, со традиционалното собирање околу елката со подароци. Правев чоколадни детски лица од кои зрачи радост, и навистина уживав во секој момент на изработката- раскажа Ангеловска.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!