Потребно е (за четири лица): 24 шкампи, 3 главички лук, 3 гранчиња мајчина душичка, 2-3 ливчиња рузмарин, 50 г. путер, 1 лажичка маслиново масло, 1 лажичка вињак, сол, црн пипер.
Исчистените шкампи измијте ги под млаз вода и оставете ги да се исцедат добро. Во меѓувреме исчистете го лукот и исечкајте го со зачинските растенија. Во тавата загрејте го маслото , па кратко пропржете го лукот со мирудиите. Замешајте ги шкампите, и пржете додавајќи вињак . Посолете и зачинете со црн пипер.
Фото- My recipes