Потребно е: 320 г. шпагети, 350 г. зрели домати, 2 чешниња лук, 1 феферонка, 6 солени инчуни, 80 г. маслинки без семки, 1 лажица копар, 1 лажица густ пекмез од домати, масло и сол.
Излупете ги доматите, исечете ги на коцки, вадејќи ги притоа семките. Излупете го лукот, па исецкајте ги феферонките и сосема кратко пржете ги. Измешајте ги доматите, исечените маслинки и пекмезот од домати. Под млазот студена вода, добро измијте ги инчуните, додадете копар, исечете ги рипчињата и додајте ги во сосот. Динстајте 20 минути. Шпагетите варете ги во солена вода, замешајте ги во сосот и декорирајте со свеж босилок.