14.8 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

Што за ручек: Ќофтиња од модар патлиџан

Потребно е: 300 г. мелено месо, 1 кифла, млеко, 1 модар патлиџан, 1 голема главица кромид, 1 резенче лук, презла, брашно, 1 јајце, масло, неколку ливчиња оригано или босилок, 2 лажици пармезан, сол и црн пипер.
Исечканата кифла се натопува во млеко. Исецкајте го кромидот а излупениот модар патлиџан исечете го на коцкички. Заедно пржете десетина минути. Излупете го лукот, измешајте го со ориганото, или босилокот, па тоа додајте му го на модриот патлиџан. Со миксер измелете го сето тоа во каша и мешајте на пареа, додека не се згусне. Сега додадете го месото, исцедената кифла, сол, црн пипер, 2 лажици пармезан и презла, за се да се поврзе. Обликувајте ќофтиња, валкајте ги во брашно и пржете.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена