Што му направи Илина на нашиот Игор?!

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ќе бидам бакар што ѕвони, или кимвал што ѕвечи.
Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни,
да ги имам сите знаења за сите работи,
а и така силна вера што и планини да преместувам –
ако љубов немам, ништо не сум…“

Ех, да, љубов.
И токму затоа и прашањето: што му направи Илина на Игорчета наш? Го маѓепса, го шашардиса, подмлади, ама еве и го ослабна и предизвика да ја смени думата дека „жените се супер, ама здосадуваат за 2 сата“.
Добро што постојат социјалните мрежи, па сме сведоци на оваа убавина, на трансформацијата на нашиот омилен лик, пијан, овој пат- од љубовта.
И уште… Гулапчињата не се двојат, да ти е мерак да ги гледаш. Игор цутииии и цврчори, како момче од 18 години е, му се гледа еланот, среќата, го гледавме „happy dance“ на Инстаграм, потоа, видно и убаво „исклесан“, во околијата на Дојран, пешачи со ранче на грб и патики во „боја на кожа“, ги мрда планините…


Неговата Илина одамна е на „ти“ со природата, се качува и изведува егзибициии, го разведрува своето либе, и да- сакана е.

Љубовта е чудо и навистина прави чуда. Едно врапче ни шепна дека секое утро, на наросеното од туширање- огледало Игор и пишува на Илина „те сакам“, а нивните многубројни следбеници на Инстаграм, исто како и потписникот на овие редови, искрено се радуваат на оваа љубовна приказна.
Навиваме да траат- цел живот, на Игор одамна му требаше оваква љубов. Кога секое тенџерче има капаче, секоја сабота своја- недела, така и Игор ја има Илина.

Вања Тодоровска

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!