На плажа – не пливајте каде што не е дозволено
Пред да нуркате, проверете дали има спасувач во близина. Прочитајте ги сите предупредувања, затоа што се поставени да ве предупредат на евентуалните опасности. Без оглед на тоа што сте извонреден пливач, добро проценете ги своите способности. Во реките и океаните можат да пливаат само одлични пливачи.
Физичка активност-да, ама не во 14ч
Морате да знаете да ги препознаете првите знаци на исцрпеност: грчеви во стомакот и нозете, студена и леплива кожа, главоболка, мака, вртоглавица и замор. Најдете ладовина, легнете и испијте студена вода или некоја пијачка што им се препорачува на спортистите за закрепнување. Значи, задолжително избегнувајте ги напорните активности, кога температурата е над 30 Целзиусови степени или ако влажноста е голема. Пијте што повеќе вода.
Дождлив ден- внимавајте на гром
Ако слушнете гром, бидете внимателни. Ако невремето ве затекне надвор, спуштете се што поблизу до земја (но никогаш под дрво), клекнете потпрени на стапалата, рацете ставете ги на колената, а главата меѓу нив. Ако невремето ве затекне во вода, веднаш излезете.
На тркала – возење на скејтборд или велосипед без штитник
Кога ќе се решите за возење со велосипед, скејтборд или ролери, знаете, задолжително е носење заштитен шлем и штитници за колена и лакти. Можеби оваа мерка на претпазливост изгледа претерана, но повредите се многу почести одошто можете да поверувате и, никогаш не се лесни.