Штрудла со праски

Потребно е: 3 тенки листа готово тесто, 3 лажици лебни трошки, 3 лажици шеќер, малку цимет во прав, 1 изрендано јаболко, 1 поголема праска, малку масло.
Подготовка: Тестото ставете го на работната површина, навлажнете го со вода и накапете со масло. Врз него ставете го вториот и третиот лист и повторете ја истата постапка со водата и маслото. Врз третиот лист тесто посипете лебни трошки, потоа рендано јаболко, парчиња праска, шеќер и цимет. Завиткајте го тестото и ставете да се пече во подмачкано тавче. Печете 25 минути на 200 степени.

фото-pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!