Јадења за пет минути

Ви даваме неколку предлози како да одбегнете брза храна, како да го скокнете крајот на денот кога враќајќи се од работа за најбрзо решение го креирате менито составено од сува храна …. Како почесто да имате убав и здрав оброк што не се приготвува со часови?
Нашиот предлог се јадењата што навистина брзо ќе ги направите. Дали истите ќе ги комбинирате со риба, варено или печено месо, или пак ќе имате оброк, без месо, зависи исклучиво од вас.

Модри патлиџани со сирење
Потребно е: килограм модар патлиџан, 300 гр. бело сирење, половина килограм домати, 2 чешниња лук, ливчиња мајчина душичка и рузмарин, малку брашно, масло и сол.
Модрите патлиџани треба да се измијат, да се исечат на тркалца, да се посолат и да се остават да постојат. Треба да се исцедат од сокот што го пуштиле, да се извалкаат во брашно и да се пржат на врело масло, од двете страни. Во замастениот сад се става излупен и на тркала исечен домат, се посипува со изрендано сирење, се прекрива со пропржениот модар патлиџан, со исецканиот лук и со ливчињата од мајчина душичка и рузмарин и на крај се запекува во релна.

Супа со ориз и месо
Потребно е – 1 шољичка ориз, 250 грама мелено месо, 2 лажици маст,
1 сечкан кромид, пире од домат, 3 коцки супа и вода.
Месото се пропржува со кромидот, а потоа се ставаат доматното пире и вода. Се додаваат 2 коцки за супа (седно, говедски или кокшкини), ориз и сето се промешува. Супата се посолува и се вари 15 минути.

Савојски омлет
Потребно е- 2 компира,100 грама сланина, црвена и зелена пиперка, путер, сол, 4 јајца, мирудии по желба (оригано, босилок, нане) и 150 грама гауда кашкавал.
Варениот компир исто како и сланината се сече на коцки. На пиперките им се вадат семенките, се сечкаат на ленти, а потоа сето се става да се пропржи во тавче. Се соли. Ги матите јајцата заедно со мирудиите и сирењето, и го полевате компирот и сланината.

Француска супа со сирење
Потребно е- 100 грама кромид, лук, ловоров лист, 30 грама путер, коцки за супа, сол, црн пипер, 8 тенки парчиња леб,100 грама сланина, 200 грама рендано сирење и магдонос.
Кромидот се сече на тркалца, лукот се гмечи, сето тоа се пропржува и му се додава ловоров лист. На тоа се додава половина литар вода, коцки за супа и вино. Парчињата леб од двете страни ги мачкаме со путер и ги пропржуваме додека не добијат румена боја. Шунката се сечка на тенки парчиња, а во огноотпорна посуда се става супата, од страна парчињата леб, парчиња шунка и сирење и се запекува 10 минути.

Мусака од грав
Потребно е – половина килограм варен грав, јајца, сол, црн пипер, 5 јајца, една павлака и 200 грама рендано сирење.
Гравот се пасира а варените јајца се сечкаат на тркалца, се посолуваат и се става црн пипер.
Постапката се повторува во зависност од тоа колку ви е голем садот- првин редите грав а потоа ги ставате варени јајца, и рендано сирење. Одозгора се преливаат со разматени јајца и павлака и се запекуваат во релна.

Пченка со павлака
Потребно е- пченка од конзерва- 500 грама, 1 павлака, 1 кромид, путер, магдонос, сол и црн пипер.
Кромидот се пропржува, му се додава пченка, се посолува, се става црн пипер, магдонос а на крај павлака. Се служи веднаш.

Фото- Pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени