Јајцата откриваат: Неорганизираните јадат варени јајца

Начинот на подготвување јајца не зборува само за нашиот вкус, туку го открива и нашиот карактер, тајните за општествената класа, па дури зборува и за нашиот сексуален нагон. На пример: луѓето кои јадат пржени јајца најчесто и припаѓаат на средната класа и се вистински секс-машини, а кајганата ја преферираат оние без деца.
Ова истражување го спроведе британското Здружение на производители на јајца со цел да ја испита психологијата на потрошувачите.


Резултатите покажуваат дека луѓето кои јадат поширани, полуживи јајца имаат поголема веројатност да бидат посреќни во однос на другите, додека оние кои јадат тврдо варени, најчесто се разведуваат.
„На испит“ биле 1.100 возрасни лица и било утврдено дека оние кои преферираат похувани јајца се друштвени, тие што јадат варени јајца се неорганизирани, додека љубители на матени јајца и омлет се самодисциплинирани.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!