Јована Нешова: Едиторијал во кинескиот Вог, а сега освојување на азискиот пазар

Нашата Јована Нешова, еден од најуспешните интернационални модели е на чекор од новата сезона и ги прави последните подготовки пред Кина и Сингапур. Имено, во нејзиното богато и големо портфолио како последни и најуспешни проекти ги вбројува едиторијалот на кинескиот Vogue со наслов „The Shape Shift“, како и едно од заштитните лица во кампањата за брендот FINELYCUP, работена минатиот септември но е за целата 2019 година.
Низ годините Нешова само го потврди својот статус на една од најбараните македонски интернационални модели кои ја имаа таа среќа високо да се котираат на Азискиот моден пазар.
„Немав нималку сомнеж за неа – вели првиот човек на MODELS IN, нејзината матична агенција, Алек Наумовски. – Кога некој работи на себе константно и неуморно, успехот е неизбежен. И посакуваме одлична престојна сезона, а секој нејзин успех го сметаме за успех за агенцијата и воедно за земјата – додава Наумовски.
Распоредот и агендата на азискиот пазар на прекрасната Јована Нешова се потврдени, но оставаме да не изненади со нови модни подвизи.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени