Јулија Мациевска: Запишете ја својата желба и допуштете (отпуштете) да се оствари

Оваа 2020 година е година на промени на планетарно ниво и на повисока свесност. Многу нешта ќе се менуваат и лугето ќе ги чувствуваат тие промени бидејки се отвараат многу битни космички портали, кои имаат за цел да ја исцелат нашата планета од се она што веќе не ни служи, од енергиите со ниски вибрации и да не кренат на ниво на повисока свесност, со можност за креирање на нова реалност, по Божествените Закони.
Па како во оваа, толку посебна година да бидеме свесни креатори и манифестатори на своите желби?
Прво, да се поздравиме и да ја испратиме старата 2019 година со благодарност за се она што го проживеавме во текот на годината, зашто како и да беше, беше за наше најголемо добро, за нашиот духовен раст и развој, онака како што нашата душа одбрала да се развива во текот на изминатата година.
Но, како свесно да креираме во Новата, откако со убаво и со благодарност ќе ја испратиме старата?
Ако некои работи ви се повторуваа во старата година а вие веќе не ги сакате, сакате поинаква реалност, тогаш е време да земете лист хартија и да ја напишете својата Новогодишна желба, зашто желбите ставени на хартија полесно се остватуваат, едноставно како да сме ставиле печат на нешто.
Желбите можат да бидат во повеќе сегменти од животот, љубов, здравје, финансии, партнерства, кариера…
Никогаш својата желба не ја запичнувајте со зборовите- Сакам да ми се оствари тоа и тоа…Тоа се веќе излитени фрази, кои не даваат резултати, оти кога нешто многу се сака, вибрираме одвнатре дека нештото го немаме, значи – во недостаток. Тој недостаток ќе придонесе за негативен резултат и вие и понатаму, ќе го немате тоа што толку го сакате.
Универзумот Ви го дава она за што веќе чувствувате дека го имате. Запаметете дека вие сте вашите емоции а вашите емоции го креираат вашиот живот.
Затоа во 2020 година обрнете внимание на емоции и на се она што не ви се допаѓа, можете да го трансформирате со помош на емоциите, кои креираат.
Ако не сте сеуште толку вешти во тоа, бидејки за се треба тренинг, а најмногу за нашите емоции, тогаш на листата за желби можете да запишете и визуелизирате желба на следниот начин. Но при тоа внимавајте тоа да биде желба на срцето, а не на егото.
Обратете му се на Униветзумот, на Бог, на вашиот светец или ангел, кој како љуби и како верува…
Еве пример, да речеме за љубов, за партнерски однос, па по тој пример може да се пишува и за другите сегменти во животот.
Боже мој, јас во годината што одмина искусив многу стуации, непријатни моменти и искуства со мојот партнер. Се чувствував понижено, бев негова жртва, бев повредувана на разни начини, иако тоа не го сакам и се трудев толку многу да променам нешто. Јас со моето знаење и желба можев толку Господи и сега, сето ова ти го предавам тебе, на трансформација зашто ти знаеш најдобро како да ги исцелиш сите овие несакани состојби во мојот живот. Со потполна доверба и со желба оваа состојба да се реши за најголемо добро и за мене и за мојот партнер.
Јас сега со отворено срце прифаќам се она што го привлеков во мојот живот, зашто сега точно знам што сакам и што не сакам. Затоа и се отворам и допуштам да ми дојде се она што сакам и заслужувам. А заслужувам идеална партнерска врска, во која сум сакана, почитувана. Партнер кој самиот се сака и почитува себе си, а тоа истото ќе знае да ми го пружи и мене. Партнер кој е нежен и внимателен, кој е здрав, комуникативен, интелигентен…можете да наброите се што сакате и замислувате кај вашиот парнер.
Можете да наброите и вие какви ќе бидете кон него, се она што емотивно го чувствувате…нежни, внимателни, искрени, полни со љубов, разбирање…
Потоа, откако ќе напишете ваква креативна желба, заблагодарете се со зборовите:
Ти благодарам Господи (или на ангелите,светците, зависно кому му се обраќате), што мојата желба е услишана. Сега ја отпуштам и препуштам да се реализира на начин кој е најдобар за мене. Направено е, благодарам.
Со тоа можете, спокојно да заборавите на желбата и да се впуштите во секојднениот живот, со верба дека се ќе се случи како што треба и кога треба.
Ви посакувам СРЕЌНА НОВА 2020 година и прекрасни креации, визуелизации и манифестации во реалноста. А реалноста може да ја промениме, само доколку ги освестиме и промениме сопствените емоции. Затоа, исцелете ги своите емоции-исполнете ги своите желби.

Јулија Мациевска, мотиватор и тренер за личен раст и развој

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени