Ако останете дома, пред телевизор, со милениче во скут или се заробувате со прекувремена работа, нема да запознаете маж. Никаков. Затоа, насмевнете се, излезете, прифатете флерт, запознајте нови луѓе – онлајн и офлајн.. Победете го стравот и заборавете на изговори дека сте стари, дека љубов не постои, дека се е интерес а сите мажи се исти… Во продолжение ве „чекаат“ неколку добри совети да го смените размислувањето и да се охрабрите за ново поглавје во животот.
1. Донесете одлука дека нема повеќе изговори
Со изговори: „немам време да се запознам со некого“, „немам време за забава“, а особено реченицата „сите мажи се кретени“, обично се служиме кога сме несигурни и не знаеме што да правиме. Проверете дали навистина сакате сопатник во животот, затоа што можете да имате изговор или резултат: што е вашиот избор?
2. Бидете спремни да ја напуштите својата „безбедна“ зона
Следната мантра може да биде од голема корист: „Подготвена сум за љубовен состанок. Сакам да запознам нов маж, иако се чувствувам непријатно. Знам дека непријатноста е шанса за развој, а развојот значи и дека ќе го остварам својот сон и ќе запознам човек со кој ќе ми биде убаво.“
3. Не борете се против стравот – излезете на состанок
Стравовите често ги предизвикува егото, чувајќи не од болка. Ако и самата помисла на љубовен состанок во вас предизвикува страв – од отфрлање, понижување, грешки, непознато… – тоа е сосема природно . Она по кое се разликуваат жените кои ќе запознаат соодветен партнер од оние кои остануваат сами, е во тоа што тие заминуваат на љубовни состаноци и покрај стравот.
Што може да направите? Прашајте го стравот: што сака да порача? Пишувајте, забележете ги своите мисли, и тоа е еден вид терапија. Секако дека ќе ви биде потребна и храброст да се изложите на можност да бидете повредени. Но, средбата со изворот на својот страв, често не е ни близу толку страшна како и самиот страв. Можете.
Фото:Pixabay