Љубовната приказна меѓу Оливер Драгоевиќ и неговата сопруга Весна траеше 45 години, од која ги имаат трите сина Дино и близнаците Давор и Дамир. Оливер и Весна се запознале во 1973 а десет месеци подоцна направиле свадба. Додека им траела врската Весна преку викенд од Дубровик патувала за Сплит, а во понеделник се враќала на работа. Но, тоа траело неколку месеци бидејќи не можејќи да ја издржи далечината, Весна ја напуштила работата и се преселила во Сплит.
-Нивната приказна е совршено темпирана, бидејќи да се запознаеја една година подоцна немаше Оливер да се ожени со неа, ќе мислеше дека е со него заради пари, пишува jutarnji.hr, превземено од извадокот на биографската книга „Сплитска деца- од ѕидича до вечности“ на новинарот и музички критичар Златко Гал.

-Секогаш велам дека е среќа што се запознавме и оженивме пред да станам популарен. Да се случеше Весна подоцна, секогаш ќе мислев дека е заради парите, рекол Оливер во книгата.
Кога во 1973 решил да ги напушти „Трубадурите“ и да се зачлени во групата „Море“ заминал за Дубровник да си ги спакува работите и да се збогува со Весна. Но, не раскинале, туку се гледале преку викенд.
-По 10 месеци се оженивме. Семејството на Оливер живееше во мал стан во Сплит. Подигнавме кредит и се преселивме во поголем. Јас, Оливер и трите деца во една соба, брат му Аљоша со семејството во друга, а мајка му и татко му во трета. За четири години во станот бевме 11 луге и така живеевме осум години. Јадевме во две смени. Во сопствен стан се преселивме дури во 1982 година, изјавила Весна.
Но, настапите во групите не му носеле пари на Оливер, па живееле од платата на Весна, која тогаш работела како болничарка.
-Еден ден дојде и ми пишти снимка од „Копакабана“ а јас не можев да му го препознам гласот, бидејќи никогаш го немав чуено како пее. Но, како солист работите се сменија. Јас бев посветена на синот Дино, изјавила Весна.
Иако постојано патувал, сепак, се грижел за синот.
-Татко ни никогаш не не малтретираше со инструментите и со музиката. Ниту мене ниту моите браќа Давор и Дамир. Ниту, пак, не оптоваруваше со неговата музика и со неговата слава. Можеби звучи како фраза ама навистина ни беше како пријател, изјавил Дино а пренесува jutarnji. hr.
Сопругата на Оливер, Весна и денес сите ја паметат како бремена со близнаци, со градски автобус заминала во болница да се породи.
-Вистина е дека во болница заминав со градски автобус, со 100 килограми и стомак до заби. Оливер тогаш беше во Лондон, но за неколку дена се врати и ме посети во болница. Кога ме виде така отечена и никаква ми рече- вака отечена и никаква немам срце да те гледам, изјавила Весна а пренесува jutarnji.hr.
Но, и овој навидум совршен брак го тресеа скандали. Пред неколку години излезе афера дека Оливер бил во долга врска со некогашната манекенка Бранка Мариќ- Мути, заради која, наводно сакал да се разведе од Весна.
-Поради голем стрес завршував во болница. Но, подоцна сфатив дека тоа било само заради неговата незрелост и несигурност, изјавила Весна, која и изгубила судски спор против Бранка.

-Никогаш не сакав да зборувам за мојот ќивот зад сцена, но се најдов среде скандали, не по моја вина. Мојата интима си е моја работа, изјавил Оливер и го прекина долгогодишното мачење.