„Љубов“: Пеат две девојчиња и еден џентлмен

Илина и Јована Николовски, заедно со Кристијан Антовски, оперски пејач, член на „Трио Џентлмен“ ја пеат песната „Љубов“, химна за радост, насмевки, сакање и позитивни мисли а спотот кој сигурно ќе ви се допадне е сниман на- новата железничка станица, една автобуска постојка и околината на Марков манастир. Инаку, автори на песната се Сашо и Кристина Николовски, родителите на Илина и Јована, што потврдува дека музиката кај нив е генетска предиспозиција.


Овие две сестрички од 9 и 7 години- Илина е четврто а Јована второ одделение, одат во ОУ „Невена Георгиева-Дуња” во Скопје.
Илина и Јована од многу рана возраст покажуваат интерес кон музиката и токму поради тоа се ученички во нижото музичко училиште „Илија Николовски-Луј”.
Досега имаат снимено десет песнички.
Првиот настап им беше на детскиот фестивал „Чунга лунга” во Охрид, во рамките на „Охридски трубадури”-2016 год. со песната „Лето”.
Во 2017 година настапија на детскиот музички фестивал „Тра-ла-ла” во Битола со „Јаболчиња” и добија награда за најмлади учеснички а на детскиот музички фестивал „Јојо” во Струмица ја изведоа песната „Часовник”.
Илина и Јована имаат и две празнични песни „Божиќна” и „Велигденска” а минатата година излезе „Дедо Мраз” која има и англиска верзија „Santa Claus“. Имаат и преработка на „Mary had a little lamb”, „Мери има јагненце“на македонски јазик
Ја пеат ихимната на ООУ “Невена Георгиева- Дуња” а минатата година по втор пат учествуваа на фестивалот „Тра-ла-ла” со „Цреши на уши“.
Им посакуваме уште многу песни и се разбира- многу музика.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени