„Мојата ќерка Ана само што ја одбрани докторската дисертација на Универзитетот во Падова“, напиша Влатко Стефановски на својот Инстаграм профил.
Не го гледаме Влатко одблиску, но сигурно е дека очите му светкаат од радост. Браво Ана, честитки и од нас!Не користејќи ги привилегиите на презимето, таа го докомплетира своето образование во Италија.
И уште нешто. Преубаво е кога ќе се види дека убавите девојки, освен видливиот визуелен адут имаат и други квалитети- да, убавината и умот одат заедно!