Потребно е: 1кг круши, 600 г. шеќер, сок од половина лимон, 2,5 дл сок од боровинки, 1/4 лажица цимет, средство за желирање, 50 г излупени бадеми. Крушите измијте ги, исчистете и исечете на коцки. Сварете шеќерот со 1 дл вода, за да добиете многу густ сируп. Долијте сок, додадете ги крушите и циметот. Измешајте, ставете бадеми.
Понатаму варете според упатството на обвивката од сретството за желирање.