Џинглбел колачиња

Годинавa како никогаш досега, предизвикани од пандемијата, сите се посветени на убавините на домашната кујна. На социјалните мрежи можат да се видат вистинските мајстории, шаренила и креации во фотографиите на кои царуват новогодишните колачиња, популарниот „џинџербред“, кои се превкусни.
Ви даваме еден интересен рецепт, што можете да го прилагодите на вашиот вкус.
Се замесува тесто од 300 грама брашно, 2-3 јајца, 10 лажици мед, 10 лажици млеко, 100 грама путер, 3 пакетчиња ванилин шеќер, малку бибер и рендана кора од лимон и портокал.
Откако убаво ќе го измесите тестото, да се одвојува од садот, подготвената смеса се става во ладилник, да отстои околу 1 час.
Потоа се меси тестото и се формира кора од која правите најразлични форми. Доколу немате калапи, обидете се со ѕвезди, месечинки, елки… Колачињата се печат околу 12 минути, на температура околу 150 степени. Декорациите се прават откако ќе се изладат колачињата, со матена белка, шеќер и сок од лимон.

Фото- Pixabay

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!