Во деновиве на пост, Вкусот на традицијата, односно Адријана ви препорачуваат интересен рецепт, ќофтиња со зеленчук.
Мерка за сите работи е една иста чаша од 3 дл.
Потребно е:
1 чаша варен ориз
1 чаша компир пире ( 2 варени компири испасирани со вода во која се вареле)
1 чаша грашок од конзерва
1 главица сечкан кромид
3 лукчиња
1 праз, ситно сечкан
Презла по потреба, околу 5 супени лажици ( малку во смесата а остатокот за препелкање на ќофтето, само од горната страна).
Ќофтињата се прават од наведените состојки, се обликуваат а потоа се печат во рерна на 180 °С, околу 40 минути.