10.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025
spot_img

Ако љубов немам, ништо не сум. Водич за среќа во љубовта

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ќе бидам бакар што ѕвони, или кимвал што ѕвечи.
Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни,
да ги имам сите знаења за сите работи,
а и така силна вера што и планини да преместувам –
ако љубов немам, ништо не сум…“
И Библијата се повикува на љубов, химната на љубовта на Свети Апостот Павле навистина е величенствена. Времето не и ги изабило зборовите, напротив, уште се помоќни и посилни во својата едноставност.
Кога имаме љубов, кога сакаме, подобри луѓе сме, шириме добрина и убавина секаде околу нас. Токму затоа, највеличенствената и најблагородна работа што можете да ја имате во животот, чиста емоција, без математики и калкулации, е љубовта.
Можете да сакате се: себеси, пријателите, својот град, небото над вас.., но ако ви недостасува партнерска љубов, треба да направите и нешто конкретно.
За да ви се случи љубов, умно е да си ги смените навиките и мислите, и да се опуштите.

1. Екхарт Тол, авторот на книгата „Моќта на сегашниот миг“ вели дека ништо не се случува во иднината. Се се случува сега, а иднината е проекција на сегашноста што ја произведува нашиот ум. Насочете ги мислите на сегашноста, и одлучете се да бидете среќни токму сега а не во иднина, кога ќе постигнете некоја цел.
2. Составете листа на луѓето и на работите за кои сте благодарни. Бидете повторно деца кои се среќни без причина. Радувајте се и бидете им благодарни на малите нешта како што се насмевка, убаво кафе, неочекуван комплимент…
3. Ерик Алстербег авторот на книгата „Животот е авантура- водич на патот кон среќата“ вели дека нашата задача е во врските со луѓето да бидеме трпеливи и да сакаме, и ќе примиме љубов онолку колку што даваме. Ширете љубов и радост помеѓу луѓето во својот живот. Некого изненадете со подарок, зборувајте им на пријателите колку ви значат, повикајте драги луѓе на вечера… Насмевнете се зошто тоа ќе ви годи и вам и на вашите пријатели.


4. Сфаќате дека и без партнер, ништо не ви недостасува. Колку пати слушнавте дека е подобро да си сам, отколку во лоша врска, брак. Колку пати и да го слушнавте, тоа е чиста вистина. А уште поголема вистина е да имате доблест да прекинете нешто што не ве прави среќни! Засакајте се себе си, па ќе ве сакаат и другите.
5. Прифатете се онакви какви што сте и бидете свесни на фактот дека никој не е совршен. Секој на земјата има свои мани, сомнежи и стравувања, само некои подобро се привикнуваат на тоа. Концентрирајте се на своите позитивни страни, таленти и предности и користете ги за да светот го направите подобро место за живеење. Замолчете го гласот во главата кој ве саботира и заменете го со чувството и смислата – за себеси и за другите. Одбегнувајте ги негативните и критичните луѓе кои ви ја цицаат енергијата и наоѓаат пречки за остварување на вашите сништа..


„Негативните луѓе ја имаат грдата способност да ја уништат надежта и на другите да им ја згаснат креативната искра, пред таа да се претвори во оган, велат Рик Бринкман и Рик Киршнер, потписници на книгата „Како да се справите со луѓето што не можете да ги поднесете“. Имајте убави односи со луѓето кои ве поттикнуваат да бидете добра личност.
Инаку, девојките грешат кога мислат дека мажите не сакаат вистинска врска, па се задоволуваат со незадолжителни комбинации за една вечер. Затоа прекинете да размислувате дека мажите се со вас само поради сексот, така ќе го најдете вистинскиот.
6. Немојте премногу да се трудите
Немојте многу да се трудите затоа што очајот често прави да се задоволите со било што а тоа никогаш не е добро. Не мора да им се фрлате на сите машки без бурма за да го најдете вашиот човек. Бидете трпеливи. Кој чека- ќе дочека.


7. Нема ништо лошо во тоа да имате стандарди
Добро е да имате некакви критериуми за тоа што сакате кај мажите. Не мора да се задоволите со било што, само за да не сте сами. И тоа е голема стапица. Размислете што сакате, што можете да дадете… Опуштете се и, верувајте.

Фото: Pexels, Pixabay

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена