Најкраток облик на диетата е 24-часовниот пост со сокови, кои ја подигаат енергијата и брзо го чистат организмот од штетни материи. Во тој период се пијат само сокови од овошје и зеленчук.
Диетата не смее да трае подолго од 24 часа, во спротивно, би можеле да се чувствувате исцрпено и лошо. Соковите може да се прават од речиси сите видови овошја и зеленчук, а содржат многу витамини и минерали и лесно се апсорбираат.
План на еднодневна диета со сокови
Појадок: чаша и пол сок од краставици.
Ужина: чаша сок од јужно овошје.
Ручек: чаша ипол сок од зеленчук зачинет со малку лук.
Ужина: чаша сок од црвено овошје.
Вечера: чаша ипол сок од зеленчук, во кој ќе додадете малку ѓумбир.
Пред спиење напијте се сок од праска.