Акција : флертување
Флертување, заведување, „пуштање“ е дозволено секаде и во секаква прилика. Флертот е природна реакција на нашето тело кога некој ни се допаѓа и е вистинска уметност на говорот на телото.
Ако сакате да одите чекор по чекор, ова единствен и вистински начин да привлечете маж кој не ве забележува.
Еве неколку совети за „загрејување“.
– Поглед. Во процесот на заведувањето, најсилен женски адут не се облини туку длабок, проѕирен поглед. Гледајте го „длабоко“ и што почесто.
– Не бидете пресериозни.
– Обидете се да бидете забележани. Поминете ако треба неколку пати покрај него, допрете го „случајно“…
– Искористете ги сите свои видливи адути.
– Имитирајте ги неговите движења, на свој женствен начин. Имитирајте го како игра со некој предмет- запалка, телефон, пијте како што пие тој…
– Слушајте го. Сконцентрирајте се на неговите зборови, охрабрувајте го додека зборува, смејте се, барајте да повтори одредена фраза. Поради тоа тој ќе има осет дека сте единствена особа во просторијата. Кога зборувате вие, повторувајте му го името што почесто, намалете го гласот, за да го натерате да ви се доближи. Потоа, можете да го бакнете.
– Флертот ја подгрејува страста во врската. Доколку го уловивте оној што го сакавте, не се препуштајте на рутината. Одново и одново заведувајте.
Коментарите се затворени