„Амигоси“ снимаат албум во Софија
Акустичниот бенд „Амигоси“ познат по разните светски стилови на музиката, од денес во Софија, почнува со снимање на материјал за нов албум. Материјалот е готов, аранжманите се склопени во пакет, а ги напиша виртуозот на хармоника, маестро Ристе Тушевски.
Квартетот ќе снима 8 нови песни напишани од Ристе, нови стилови, каде е направена синтеза, коктел од балкански елементи поврзани со мексиканско- шпански фолклор, аранжманите се во четворогласна формација како и вокалите, кои ќе бидат отпеани на четири гласа .
Оние што го чуле материјалот велат дека ова ќе биде нова виртуозност на Тушевски, каде ќе доминираат класични фолк елементи изразени преку неговата хармоника.
Инаку, бендот „Амиигоси“ е составен од четири члена – Ристе Тушевски, Митко Манасиев, Влатко Вучков, Дени Кирчанов и е формиран и познат по настапите во прочуениот „Фук так“.
Коментарите се затворени