Анастасија Богдановска во епицентарот на светската мода
Анастасија Богдановска пасионирано е посветена на својата разоткриена страст, па со многу упорност, посветеност и професионалност го достигна првиот ред и статусот на единствен акредитиран моден новинар од Македонија на светските модни недели, за што тврди дека е долг, макотрпен, понекогаш и депримирачки процес особено за фриленсер поткрепен единствено на сопствените сили, интелектуални и материјални.
Па сепак привилегијата, задоволството и непосредните впечатоци се исклучително вредни за целиот вложен напор, искуството и позицијата во модните кругови која при тоа се заслужува.
Во најкраток можен рок да се дознаат претстојните дизајнерски предлози и растечки трендови од прва рака со непосреден увид е предизвик за секој моден новинар но и особен подвиг за моден новинар кој доаѓа од Македонија како единствен.
Но уште поголем предизвик можеби е да во епицентарот на светската мода, во жариштето на стилот, најмодерното од модерното, каде борбата за докажување на истенчениот моден вкус е бескрупулозна а натпреварот за впечатливост жесток , имаш храброст и самоувереност меѓу надмените инсајдери стокмени во најпознатите светски брендови достоинствено да се појавиш во аутфити од домашни дизајнерски имиња. Идејата не е случајна ниту родена од нужност, туку промислена и наменска со цел да се надмине инфериорноста на домашната дизајнерска мисла. Експонирање на македонската мода на еден елегантен, спонтан и непосреден начин.
Анастасија ја носи светската мода во Македонија но во исто време ја однесе и македонската во светот. А фешенистите не останаа равнодушни, па освен свртените погледи, упатените коментари, најдобра потврда се и објавените фотографии од фотографите -ловци на впечатливи изгледи или т.н. улична мода.
Нејзиното последно новинарско искуство е од Миланската модна недела за мажи за сезоната пролет /лето 2020 година што се одржа од 13-ти до 17-ти јуни оваа година.
Коментарите се затворени