4.8 C
Skopje
среда, јануари 29, 2025
spot_img

Апостолки- задолжителна летна мода

Неофицијалните обувки во лето се прилично основни во конструкцијата: ремен во Y-форма ги држи прстите поврзани за едноставен ѓон, често од пенест гумен материјал. Но, постои нешто повеќе што ги прави овие чевли привлечни – за да дознаете што е тоа, прочитајте ги необичните факти за апостолките.

Се` започна пред 6.000 години
Дали би поверувале дека чевлите во стилот на апостолки се во мода од 4.000 г. пр.н.е.? Според повеќето сочувани мурали, од тогаш постојат апостолките.
Апостолките се носеле низ целиот свет и во текот на историјата. Египќаните ги направиле нивните сандали во стилот на апостолки, користејќи папирус и палмини листови, додека дрвото бил материјал на избор во Индија. Во Кина и Јапонија се користеле оризови сламки, а Масаите во Африка избрале апостолки од сурова кожа. Во Британскиот музеј се прикажани апостолки што датираат од 1500 г. пр.н.е. – што е дефиниција за вонвременска мода!

Од „зори“ до калифорниска „кул“ униформа
Апостолките, како што се познати денес, се моделирани според јапонските „зори“: многу американски војници се вратиле од Втората светска војна со такви чевли, а остатокот од земјата го прифатил трендот. Ако зборот зори ви звучи познато, можеби сте имале задоволство да навлечете на вашите стапала „зори“ сандали. До 1960 година, чевлите беа дел од неофицијалната униформа во Калифорнија – одеднаш достапни во светли бои и дезени, и задолжително парче за одење по песочна плажа.

Ола, „Хаваијанас
Еден од најпопуларните производители на апостолки во светски рамки е бразилската компанија „Хаваијанас“. Тие ги произвеле првите апостолки во 1962 година – денес компанијата продава повеќе од 150 милиони рала сандали секоја година!

Дебата за лежерниот изглед
Апостолките се поврзуваат со полежерен кодекс на облекување, но постојат украсени верзии со вештачки дијаманти и светки – многу невести дури се решаваат да ги заменат нивните високи потпетици за „свадбарски“ апостолки кога ќе дојде време да се заигра на подиумот. Апостолките можат да се најдат во речиси секоја варијација што можете да ја замислите, дури и со животински принтови!
Но, за некого сандалите може да бидат премногу лежерни. Можеби се сеќавате на сагата од 2005 година: група жени од тимот за лакрос од Универзитетот Нортвестерн ја посетија Белата куќа, облечени со апостолки. Тоа наиде на мали негодувања од јавноста – спортистките одговорија со јавна лицитација на сега познатите апостолки на интернет, собирајќи средства за пријателка болна од рак.

Фото:The Cut

Апостолки-ит ис?
Не секој ги обожава апостолките: тие се причината за постоењето на подијатристите (лекари за стапала). Апостолките не нудат многу поддршка на стапалото, што може да резултира со искривувања, рамни стапала, воспаление на тетива, плускавци, исчашувања на глуждот, па дури и скршени коски. Еве што можете да направите за да ги одржувате стапалата во добра состојба: избегнувајте да носите апостолки во подолги периоди – ако одите на долга прошетка, изберете нешто со поголема поддршка. Изберете апостолки кои имаат дебели ѓонови со перничиња и кои се направени од висококвалитетни материјали, како што се дамските апостолки.

Фото-Pixabay

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена