Како се облекуваат хороскопските знаци, и што велат ѕвездите, како тие се котираат во светот на модата?
Откријте кои се најголемите модни терористи.
Овен
Тие ги сакаат најчудните комбинации и не ја преферираат скромноста во облеката. Можете да ги видите во кратки здолништа, тесни панталони, леопардовите шарки во комбинација со шарени вратоврски на туфни… Ништо чудно да ги затекнете во златни чевли и сосема неадекватни торби, и со куп ланчиња на рацете и на вратот.
Бик
Сакаат луксузна облека и речиси не прават модни грешки. Дури и старите фармерки ќе ги искомбинираат со скапи патики или чевли и брендирани очила за сонце и таа слика навистина зборува за „она нешто“.
Близнаци
Иако немаат сопствен стил, облека не им е лоша, напротив.Сепак, во крајниот ефект недостасува обединувачка идеја и револуционерна дрскост. Инаку Близнаците можат со леснотија да имитираат секакви стилови. Никогаш не се колебаат како треба да се облечат за разноразни прилики – и тоа секогаш изгледа добро.
Рак
Дизајнерите Вера Вонг, Џорџо Армани, Оскар де ла Рента и Ели Саб се родени во овој знак. Но, додека тие дефинираат насоки во високата мода, другите претставници ги бараат овие насоки во своите ставови. Во најлошата варијанта, дизајнерот Рак станува моден терорист. Другата нивна слабост е дека поради суетата, во обид да се облечат совршено со еден детал можат да ја уништат целата композиција.
Лав
Смели и ексцентрични – ултра куси здолништа, светли бои, монструозни отпечатоци и чевли од блиската иднина. Накитот им не зборува, туку- вреска. За разлика од Овен, чив вкус е исто така нахален, Лавот е софистициран.
Проблемот настанува откако ќе наполнат 50 години и кога продолжуваат да се облекуваат како тинејџери, дури и во подоцнежните години.
Девица
Елегантен и предвидлив е вкусот на повеќето Девици. Едноставно кажано, тие се беспрекорни. Се облекуваат функционално а недостаток, ако има таков, е тоа што почитуваат строги модни рамки, дури и кога се цврсто решени да бидат оригинални и смели.
Терезија
Тие изгледаат добро речиси секогаш, но им недостасува чувство за стил. Ниту една Терезија не би успеала да комбинира глупа облека со грди чевли и бесрамни додатоци како Овен. Тие не ја поседуваат ниту екстравагантноста на Лавот, ниту префинетоста на Девицата, ниту свесноста за убавина на Ракот, но секогаш оставаат впечаток.
Скорпија
Облеката за нив е нешто што служи за соблекување. Скорпионите се облекуваат пристојно, но обично имаат други поважни активности од тоа да размислуваат за мода и стил. Ако тоа сепак се случи, можат да бидат убиствено елегантни или неодоливо сексапилни. Како што веќе рековме, сепак, тоа не им е приоритет во животот. Сигурно и од таа причина Скорпионите не пројавуваат ниту грам имагинација.
Стрелец
Неговата слободна душа не трпи предрасуди ниту во однос на формата, ниту на материјата, а уште помалку во врска со боите и нивното комбинирање. Сакаат смели модели, често надвор од рамките на популарното и разумното. Модната лудило на Стрелец се појавува во вистинската насока кај дизајнерите Џил Сандерс, Џон Галијано и Џани Версаче.
Јарец
Стилот на облекување кај родените од овој знак може да се нарече култивиран и воспитан. Сакаат брендирана облека, чисти форми и класични комбинации. Јарците мразат да одат надвор од клишето, што значи дека никогаш не ризикуваат со неутврдените работи. Бидејќи се доста суетни и сакаат скапоцености, додатоците им се чести.
Водолија
Стилот на секоја конкретна Водолија е премногу различен, за да се генерализира, а сепак постои еден општ квалитет – тој е најблаго речено, посебен. Не им е важно дали и се допаѓаат на околната. На нив им е важно сопственото одобрување. Резултатот е разновиден, соодветно на луд гениј.
Риби
Рибите, особено жените, сосема лесно можат да се препознаат по шармантната облека, нешто како „тотално однесени од виорот“. Рибите зрачат и се препознатливи на километри. Сакаат шапки, модни додатоци, накит, и убави очила. Нежната и романтична душа на овој знак и на облеката и дава доза на префинетост.
Фото: Pexels, Pixabay
Коментарите се затворени