Ајде да го продолжиме животот
Јапонците живеат најдолго- просечен животен век им е 85 години, а научниците сметаат дека тоа се должи на здравата традиционална храна составена од риба, зеленчук и ориз, додека аналитичарите на тоа го додаваат и исклучителниот систем за здравствена заштита.
Ние, ниту можеме ниту пак е неопходно сосема да се угледаме на нив, но факт е дека можеме да примениме некои од правилата што се исклучително добри за здравјето. Нивната исхрана е нискокалорична и полна со здрави состојки а најмногу се јаде риба, ориз и соја.
*Јадете варен ориз
Јапонците јадат четири пати повеќе ориз од сите останати. Во Јапонија со секој оброк, па и со појадок се јаде и по едно мало чинивче варен ориз. Тој не е мрсен и дава чувство на ситост. Најздрав е кога е само варен.
*Варете го зеленчукот
Јапонците се луди по зеленчукот, особено по миксот на сезонскиот. Пиперки, грашок, кромид, лук, компир, морков, спанаќ, печурки и сл. Вообичаено правило е да се користат барем 5 вида на зеленчук со што се задоволува дневната потреба по разновидни хранливи состојки. Зеленчукот се вари или пече со што се обезбедуваат максимимални нутриционистички вредности. Освен витамините зеленчукот е важен и поради диететски влакна кои влијаат на работата на цревата и имаат влијание врз намалувањето на нивото на шеќерот и мастта во крвтта односно ја успоруваат нивната апсорција.
*Риба
Веќе се знае дека рибата е незаобиколна во секоја здрава исхрана, а на јапонците им е омилен лосос, туна, харинга и сардини. Најверојатно фактот дека јапонците не јадат свинско месо а на нивното мени е постојано присутна риба е клучен фактор за нивната долговечност.
Фото:Pixabay
Коментарите се затворени