2.8 C
Skopje
вторник, јануари 28, 2025
spot_img

Ај фил фуд. Моите антидепресив чинии

Откако знам за себе, а меморијата ми е импресивна- и во квантитетот и во квалитетот, храната ја сметам за голем дар. Седнувањето на софра е како магија: јадењето е радост, спојува луѓе, весели, ех какви се убавини се раѓаат на маса полна со чинии, чинивчиња, миризливи тепсии и полни со сласт тенџериња. Ете, го поседувам чувството дека храната е нешто како антидепресив, а едно време толку бев навлечена во неа, што го сменив конфекцискиот број, и не сум горда на тоа.
Едноставно, готвев и консумирав, и тоа го сметав за безусловна поврзаност. Неретко, гастрономските „спектакли“ започнуваа напладне, ги заведуваа младите вечери и капитулираа во рани зори. И, за да декаденцијата заврши во голем стил, во тој меѓупростор се раѓаа моменти кога зборовите стануваа недоволни.
Сега е поинаку, повеќе ужииииииивам, дозволувам несовршеностите на софра да станат совршени. Ех, се се учи во животот.
Последниот период од моето сино небо исчезнаа, се сокрија птиците, секојдневието, новата нормалност, безмилосно си го покажа суратот а неизвесноста и стравот ги покрија сите личотии.
Така се родија моите антидепресив чинии.

Бидејќи готвењето ми е страст, се што правам е момент на инспирација. Уживам во месење, пити, прои, леб… толку ме „напукуват“ со смејалици- радосници, па ги токмам за сликање уште повесела.
Барам светлина за подобра фотографија и често сликам на балкон- чорби со спанаќ и штавељ искомбинирани со расцутени маргаритки, толчени пиперки што гледаат на Партизанска, дроб сарма со посветеност, салата со туна и пченка наросена со надеж, тортиљи со спанаќ, пармезан и јајце…И најважното, во финалето токму тие чинии се причина за дружба.
Утрово го слушнав цврчорењето на врапчињата. Ах, птиците сепак ќе се вратат.

Текст и фото: Валентина Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена